• среда, 25 декември 2024

Три земјотреси од над четири степени во близина на грчкиот остров Крит

Три земјотреси од над четири степени во близина на грчкиот остров Крит

Атина, 7 август 2024 (МИА) – Три последователни земјотреси со јачина од 4,1 степен, 4,8 и 4,5 степени според Рихтер, беа регистрирани претпладнево во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првите два, од 4,1 и 4,8 степени беа во период од една минута, додека пак последниот беше 25 минути подоцна.

Засега, нема информации за повредени или причинета материјална штета.

Земјотрес со јачина од 3,7 степени кусо по 8 часот утрово беше регистриран и на Света Гора со епицентар во морскиот дел на 11 километри северозападно од Карија.ср/

Остани поврзан