• вторник, 24 декември 2024

Трите опции за трансфер на Пјаниќ

Трите опции за трансфер на Пјаниќ
Торино, 13 мај 2020 (МИА) - Разделбата меѓу Јувентус и Миралем Пјаниќ се чини се поверојатна. Постојат неколку опции за тоа да се случи, а според „Скај Спорт Италија“, Барселона, Пари Сен Жермен и Челзи имаат шанса да го привлечат репрезентативецот на Босна и Херцеговина. Популарниот новинар Џанлука Ди Марцио е категоричен дека Пјаниќ не е во плановите на Маурицио Сари за следната сезона. Јуве сега се соочува со задача да извлече максимум од можниот договор со играчот од средниот ред. Се чини дека Барселона е првиот избор. Не е тајна дека Каталонците се заинтересирани за Бошњакот и се верува дека дури и се согласиле со неговиот агент за личните услови. Проблемот е што Артуро Мело, кој го бара Јувентус, сака да остане во Барса. Можно е „бјанконерите“ да бараат размена со Челзи за Жоржињо. Бразилецот со италијански пасош е миленик на Сари, под чие водство играше во Наполи и на „Стемфорд Бриџ“. Се споменува и опција во која Пјаниќ ќе се пресели во Пари Сен Жермен, а Јувентус ќе го земе Леандро Паредес. Сепак, во Торино не им е потребен Аргентинецот и веројатно нема да се согласат на ваков договор.

Тагови

Остани поврзан