Триста млади багреми засадија планинарите на „Осоговски орел“ за сеќање на 63 жртви во „Пулс“
- Во спомен на настраданите во трагедијата во „Пулс“, КПС „Осоговски орел“ – Кочани денеска реализираше акција за пошумување во месноста Пресечена Скала. – На неодамна опожарен терен над Фабриката за вода засадивме 300 млади багреми, во сеќавање на сите што ги изгубија животите во „Плус“, меѓу кои се и нашите членови, Ѓорѓи Величков и Диме Димитриев – соопштуваат од КПС „Осоговски орел“.
Кочани, 14 март 2026 (МИА) - Во спомен на настраданите во трагедијата во „Пулс“, КПС „Осоговски орел“ – Кочани денеска реализираше акција за пошумување во месноста Пресечена Скала.
– На неодамна опожарен терен над Фабриката за вода засадивме 300 млади багреми, во сеќавање на сите што ги изгубија животите во „Плус“, меѓу кои се и нашите членови, Ѓорѓи Величков и Диме Димитриев – соопштуваат од КПС „Осоговски орел“.

Со оваа еколошка и хумана иницијатива, од КПС „Осоговски орел“ испратија порака дека споменот на настраданите ќе продолжи да живее и преку дела што создаваат нов живот и ја обновуваат природата. По завршувањето на пошумувањето, беше реализирано и пешачење на релацијата од Пресечена Скала, преку Мактеон, до водопадите на Кочанска Река. Рекреативците поминаа патека долга осум километри.
МИА претходно информираше и дека денеска на Градскиот стадион во Кочани беа откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верни навивачи на групата „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“. Златков и Стојанов загинаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. вдј/аа/
Фото: МИА