Триста луѓе го посетиле Винскиот музеј во Кавадарци во ноември
- Триста луѓе го посетиле Винскиот музеј Кавадарци во ноември, информираа денеска од оваа нова регионална културна институција.
![Триста луѓе го посетиле Винскиот музеј во Кавадарци во ноември](https://new.mia.mk/index.php/images/20221105121236_big_730x400_18.webp )
Кавадарци, 1 декември 2020 (МИА) - Триста луѓе го посетиле Винскиот музеј Кавадарци во ноември, информираа денеска од оваа нова регионална културна институција.
- Благодарни сме за интересот на оние кои дојдоа и во услови на пандемија од вирусот Ковид-19. Се работи за посетители од Кавадарци, но и од други места. Посетите се реализираат со строго почитување на превентивните мерки за заштита од коронавирус, посочија од Винскиот музеј, нагласувајќи дека и понатаму остануваат на располагање на сите што сакаат да ја почувствуваат винската традиција и култура.
Оттаму најавија и низа други интересни културни содржини и во иднина. Содржини кои во себе ја содржат историјата на винопроизводството во Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион во државата. свд/фф/
![Вински музеј Кавадарци 1](/articles/images/trista-lu-e-go-posetile-vinskiot-muze-vo-kavadarci-vo-noemvri/3ulV6Y5jV/placeholder.webp?use_watermark=0)