• петок, 22 ноември 2024

Трипуновски: Ќе се вреднува трудот на лозарите, министерство ќе биде коректив

Трипуновски: Ќе се вреднува трудот на лозарите, министерство ќе биде коректив

Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Претстојната берба на винско грозје, приносите и квалитетот, биле темите за кои денеска разговарале министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и претставници од потсекторската група за лозарство и вино.

На состанокот, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Трипуновски вети дека ќе се вреднува трудот на лозарите и оти ресорното министерство ќе биде коректив.

- Во текот на денот Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, вранец и смедеревката, стои во соопштението. мд/аа/

Фото: МЗШВ 

 

Остани поврзан