• четврток, 26 декември 2024

Трипуновски: Со СДС на власт имаме 16.5 милиони килограми помалку извезено јаболко и 7.6 милиони евра помал годишен девизен прилив

Трипуновски: Со СДС на власт имаме 16.5 милиони килограми помалку извезено јаболко и 7.6 милиони евра помал годишен девизен прилив

Скопје, 2 април 2024 

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку facebook објава извести за катастрофалните политики на СДСМ во делот на овоштарството.

Трипуновски направи споредба помеѓу 2016 и 2023 година за количините на извезено јаболко и годишните девизни приливи по тој основ. Бројките се катастрофални и се само дополнителен доказ за негрижата на СДСМ за македонските земјоделци.


Во прилог ви ја пренесуваме целосната facebook објава на Трипуновски:


 Јаболкото е најизвезуваното овошје од Македонија од кое се остварува годишен девизен прилив од над 20 милиони евра  
 Но, со СДС на власт денес имаме:
 16,5 милиони килограми помалку извезени количини во 2023 во споредба со 2016 (Извор: ДЗС)
 7,6 милиони евра помал девизен прилив во 2023 споредено со 2016 (Извор: ДЗС)

Дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: Дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски

Остани поврзан