• вторник, 12 ноември 2024

Трипуновски на средба со претставници на шумската полиција

Трипуновски на средба со претставници на шумската полиција

Скопје, 7 март 2024

Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство оствари работна средба со независниот синдикат на шумската полиција и администрација.

- Денес сум на работна средба, на состанок со шумската полиција, поточно со независниот синдикат на шумска полиција и администрација.

Разговаравме за сите отворени предизвици и проблеми со кои што се соочува шумската полиција, имајќи во предвид дека шумите се нашето најголемо богатство. На денешниов состанок ќе ги прецизираме сите актуелни проблеми кои што власта можеби требаше изминатиов седум годишен мандат да ги превенира, да ја опреми шумската полиција се со цел да бидат ефикасни на спроведувањето на законот на терен.

Од овој состанок ќе произлезат и неколку заклучоци кои што во иднина како идна Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе реагираме и ќе ставиме топ приоритет во делот на екипираноста, поставеноста и она што значи правилно делување на шумската полиција на терен.

Ќе повторам, шумите биле и ќе останат наш врвен приоритет во заштитата, односно зачувување на ова најголемо национално богатство. - изјаци Трипуновски пред средбата.

Во прилог линк од facebook објавата на Цветан Трипуновски:

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/pfbid08ZoBEWuJTJchwMdE9xDk2VDxoMEiPCp6zRfV55BuTKYcfUL37EeyMYLSVFtyEgLul

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Фејсбук на Цветан Трипуновски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан