• недела, 24 ноември 2024

Трипуновски: Народот знае кој работи за државата, а кој на штета

Трипуновски: Народот знае кој работи за државата, а кој на штета
Скопје, 12 септември 2020 Барањето за апанажа по завршувањето на мандатот како технички заменик министер во МЗШВ доаѓа откако СДСМ, Љупчо Николовски и Трајан Димковски ме избркаа од работа. Јас сум жртва на реваншизмот на СДСМ затоа што јавно истапив и ги обелоденив нивните криминали. Истата СДСМ која гледа проблем во моите приходи од апанажата која патем законски следува како лице кое потоа останува невработено, не гледа проблем што државната помош наместо за помош на фирми погодени од Ковид кризата завршуваат во џебовите на мафијата на власт. СДСМ треба да побара фирмата на Зоран Заев и фирмата на Нина Ангеловска кои земаа државна помош наместо други фирми да спасат работни места, да ја вратат во буџетот. Еленица е фирма која изминативе години инкасирала милионски профити, за сега да бара државна помош. Тоа е ненаситноста на Заеви. СДСМ и нивните функционери целосно ја злоупотребија позицијата за свој личен џеб. Народот знае кој работи за државата, а кој на штета. За сите штетни политики СДСМ ќе ја добие казната. Оваа мафија ќе падне, и тогаш Македонија ќе тргне напред.  Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Остани поврзан