• среда, 13 ноември 2024

Трипуновски: Веднаш да им се исплатат сите три плати на вработените во АД Водостопанство

Трипуновски: Веднаш да им се исплатат сите три плати на вработените во АД Водостопанство
2 септември 2022 

Почитувани,

Власта, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски ги уништуваат институциите во државата.

Трет месец по ред над 500 вработени од АД Водостопанство немаат земено плата и се без здравствено и пензиско осигурување.

Додека Ковачевски и Николовски шетаат и трошат народни пари, над 500-тини семејства едвај преживуваат.

Во време кога има двоцифрена инфлација, скапа струја и нафта, Ковачевски и Николовски оставаат 500 семејства без основна животна егзистенција.

Помеѓу овие вработени има лица кои имаат потреба од медицинска помош и им е потребно здравствено осигурување, лица кои имаат кредити, а веќе доцнат со исплата на рати, и лица кои имаат деца кои што чекаат храна од своите родители.

Дополнително, според информациите кои што ги добивам од голем број на вработени во претпријатието, претпријатието нема основни средства за работа, нема резервни делови и нафта кои се неопходни за непречено функционирање на истото, и ова е сериозен проблем.

Состојбата во АД Водостопанство е алармантна и е потребно е веднаш да се реагира.

Ова што го прават Ковачевски и Николовски на 500 вработени кои чесно и поштено ги заработиле платите е нечесно и нехумано.

Наместо некој да сноси одговорност кога предупредував и алармирав пред една недела дека претпријатието трет месец нема исплатено пари, Ковачевски и Николовски продолжија со игнорантскиот однос.

Почитувани,

Ако има пари Ковачевски да дава за промоции, шетање, пиење скапи вина, и делење на тендери на фирми омилени на владата на СДС, тогаш да најде пари и за вработените во АД Водостопанство.

Затоа барам веднаш да им се исплатат сите три плати на вработените во АД Водостопанство, и тоа без дополнителни изговори.

Власта на СДС е неспособна, Ковачевски повеќе нема никаков легитимитет да раководи со владата, а Николовски со министерството за земјоделство.

Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.

Прес-конференција на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан