• среда, 25 декември 2024

Трипуновски: АХВ да одговори кои мерки се преземени за спречување на ширењето на „африканската чума“

Трипуновски: АХВ да одговори кои мерки се преземени за спречување на ширењето на „африканската чума“

Скопје, 3 септември 2023

Неспособноста на Љупчо Николовски и Николче Бабовски излегува на површина.

Африканската свинска чума е регистрирана  во свињарска фарма Овчеполка Агриа, Општина Карбинци уште пред 8 дена, а АХВ и понатаму продолжува да молчи.

Осми ден свињите на фармата се оставени на милост и немилост, Осми ден постои сериозна закана болеста да се прошири насекаде ширум државата, а надлежни институции не преземаат ништо.

Африканската свинска чума се шири со епидемична бризна, речиси 10.000 свињи ќе бидат уништени, а Бабовски наместо да се затскрива позади соопштенијата на АХВ, веднаш да излезе и да одговори:

- Дали е свикан Националниот центар за контрола на болести и дали е одржан координативен состанок за оваа состојба?

- Кои мерки за сузбивање и искоренување на болеста ги има спроведено Локалниот центар за контрола на болести во изминатите 8 дена? Дали е направен план за депопулација на одгледувалиштето?

- Дали во одгледувалиштето има смртност и кој е процентот на угинати животни од моментот на прогласување на жариштето?

-Колку животни се угинати и каде се отстранети тие лешеви?

- Дали е извршено епидемиолошко истражување и дали од заразеното одгледувалиште по изрекување на забраната за движење има пратено свињи за колење?

Африканската свинска чума година ипол наназад е присутна во Македонија, а АХВ освен со медиумска кампања, не презема никакви конкретни мерки да ја спречи ваквата состојба.

Се прашуваме доколку не алармиравме за ваквата ситуација, до кога институциите ќе криеа дека е заразено едно од најголемите одгледувалишта за свињи во Македонија.

Очигледно е дека Бабовски и АХВ немаат капацитет да се справат со болеста, и затоа како републичка комисија на ВМРО-ДПМНЕ, им нудиме наши членови експерти во оваа област.

За кратко време од сега, новата влада на Република Македонија ќе спроведе детална ревизија на работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство за што ќе следи одговорност за несовесното и нестручно работење.

Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ

Фото и видео: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан