• четврток, 26 декември 2024

Трипуновски:  Пет години не е извршено порибување со Охридска пастрмка што го загрозува рибниот фонд

Трипуновски:  Пет години не е извршено порибување со Охридска пастрмка што го загрозува рибниот фонд

Скопје, 12 април 2024

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипиновски денес е во работна посета на Охрид каде што го оствари средби со Здружение на Ловци Охрид и Здружение на риболовци Свети Апостол Петар - Охрид.

Денеска сум на работна посета во охридскиот регион, само што завршив со средбата со рекреативните риболовци од Охрид. Констатацијата е повеќе од загрижувачка, Охридското Езеро веќе од 2019 година до денес нема извршено порибување на Охридската пастрмка, контролата и заштитата на езерото практично и да не се спроведува, а од друга страна немаме ни концесионер ниту за рекреативен ниту за стопански риболов. - изјави Трипуновски.

Трипуновски потсети за еден телефонски разговор кој излезе во јавноста каде што практично се правеше нарачка како да се остави Охридското Езеро на милост и немилост на сите рибокрадци и на нелегален риболов.

Познатиот бренд Охридска пастрмка се помалку го има затоа што државата изминативе не води никаква грижа. Она што го ветивме пред рибарите е дека по 8ми мај, по завршувањето на изборниот процес и формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваме сериозен фокус во заштитата и обновата на овој рибен фонд, односно управувањето со езерото да биде согласно законската регулатива. - заврши Трипуновски.

На поставеното новинарско прашање „кој е вашиот коментар за изјавата на министерот Николовски дека истокот и оризопроизводството константно се развива и дека македонското земјоделство функционира одлично“ Трипуновски одговори: „Го гледам министерот Николовски во овој предизборен период иако ги преспа овие 2500 дена како власт се растрчал низ Македонија, помеѓу оризопроизводителите ветува дека оризот ќе бил стратешка култура, иако во име на вистината мораме да потенцираме дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и комисијата за економски прашања го усвои овој предлог закон, односно закон за стокови резерви да и оризот влезе во стратешка култура. Тоа што власта имаше рок од седум години да го направи, не го направи.“

Трипуновски исто така го потенцираше и големиот проблем во Кочанскиот регион со снабдувањето со вода затоа што системите се оставени на милост и немилост, не се инвестира во нивното одржување со што се доведува во прашање и оризопроизводството.

Статистиката којашто е во негативен тренд го демаскира министерот во неговите лаги, а тоа е дека во 2016 година сме имале над 5000 хектари коишто биле под оризови полиња, а во 2022 согласно последните податоци оваа површина паѓа на 3000 хектари, разликата е огромна и 2000 хектари помалку под ориз. Тоа е затоа што власта изминативе години не покажа ниту сенс ниту грижа да го задржи оваа битна стратешка култура. - дополни Трипуновски.

Дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипиновски

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: Скриншот

 

Остани поврзан