• петок, 27 декември 2024

Тринаесет лица загинаа откако паднаа во бунар на свадбена прослава во Индија

Тринаесет лица загинаа откако паднаа во бунар на свадбена прослава во Индија
Њу Делхи, 17 февруари 2022 (МИА) - Тринаесет лица загинаа, сите жени и деца, откако паднаа во бунар за време на свадбена прослава во северна Индија, соопштија денеска официјални лица. Жртвите стоеле на метален лим што го покривал бунарот, гледајќи ја церемонијата халди, еден од многуте ритуали, кои се дел од хинду венчавка, за време на која куркума се мачка на невестата или на младоженецот, јави ДПА. Лимот пропадна, па над 20 лица паднаа во бунарот. Единаесет од нив починале на самото место, а 15 беа спасени, а две лица им подлегнаа на повредите во болница. Окружната администрација ќе направи сè што може за да им помогне на повредените, како и на семејствата на починатите, изјави премиерот Нарендра Моди. бд/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан