• сабота, 28 декември 2024

Тринаесет години од првиот број на македонскиот весникот „Илинден“

Тринаесет години од првиот број на македонскиот весникот „Илинден“

Дебар, 1 март 2024 (МИА) – Македонскиот весникот „Илинден“, што е гласило на истоименото друштво во Албанија, денеска одбележува 13 години од објавувањето на првиот број.

- На први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број на весникот, како гласило на македонското друштво „Илинден“- Тирана. Во овој изминат период, весникот побуди голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во светот, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото и главен и одговорен уредник на весникот.

Весникот, оценува тој, прераснал во медиум кој со сериозноста и со пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за македонското национално малцинство во Албанија и од име на редакцијата искажува посебна благодарност до читателската публика и соработниците.

-На 19 декември минатата година го отпечативме 60. јубилејно издание, што за нас беше навистина голема радост и се надевам дека ќе доживееме уште многу јубилејни изданија. Со написите дадовме голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија. Континуирано ќе работиме на заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија, додава тој.

Од мај 2017 година весникот е и со електронско издание www.vesnik-ilinden.coм. На тој начин весникот стана достапен за целокупната јавност за сите Македонци во Република Албанија, регионот и цел свет.

Во септември истата година е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN 2522-6282 (online) и ISSN 2522-4514 (print) и дел од двата најголеми читачи на вести и клиентска датотека во Македонија: grid.mk и daily.mk

Од август 2022 година македонски весник „Илинден“ е член на платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ) каде членуваат печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија. вт/мд/

Остани поврзан