• недела, 24 ноември 2024

Триесет и четврти Охридски староградски средби

Триесет и четврти Охридски староградски средби
Охрид, 13 септемри 2022 (МИА) - На платото пред центарот за култура „Григор Прличев“ в петок ќе се одржат 34. Охридски староградски средби. Охридски староградски средби, според организаторот, Центарот за култура, е фестивал што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува по долгогодишна пауза старите добри градски музички традиции. - Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, соопшти Центарот за култура. Влезот за посетителите е бесплатен. сс/са/

Остани поврзан