• четврток, 26 декември 2024

Триесет и тригодишниот Варди стана најстариот најдобар стрелец во Премиер лигата

Триесет и тригодишниот Варди стана најстариот најдобар стрелец во Премиер лигата
Лондон, 26 јули 2020 (МИА) - Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди е најдобар стрелец во фудбалското првенство на Англија во сезоната 2019/20 година. На 33-годишна возраст Англичанец има постигнато 23 гола во тековната сезона со што Варди стана најстариот најдобар стрелец во Премиер лигата. По Варди во оваа статистичка категорија следуваат: Дидие Дрогба (32 години), Димитар Бербатов (30) и Николас Анелка (30). зс/

Остани поврзан