• петок, 27 декември 2024

Триесет и пет ученици од Општина Радовиш девет месеци ќе добиват стипендии

Триесет и пет ученици од Општина Радовиш девет месеци ќе добиват стипендии

Радовиш, 12 февруари 2024 (МИА) - Триесет и пет ученици од основните и средните училишта во Општина Радовиш 9 месеци ќе добиваат стипендија во износ од 2.500 и 3.000 денари.

Одлуката со имињата на учениците е објавена на страницата на Општината. Според неа, 16 ученици од шесто до деветто одделение од основните училишта „Никола Карев“ и „Крсте Петков Мисирков“ ќе добиваат по 2.500 денари. Покрај нив, уште четири средношколци од прва до четврта година ќе добиваат стипендија во износ од 3.000 денари, а осум ученици од средното и основното образование добија стипендија во износ од 3.000 денари по основ на социјален карактер,

Со одлуката на Општина Радовиш учениците стипендиите ќе ги добиваат од октомври до јуни.рт/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан