Триесет и пет крвни единици обезбедени во крводарителска акција во винарија „Тиквеш“
- Триесет и пет крвни единици беа обезбедени денеска во крводарителска акција во винарска визба „Тиквеш“, информираа попладнево од Црвен крст Кавадарци.

Кавадарци, 28 февруари 2025 (МИА) - Триесет и пет крвни единици беа обезбедени денеска во крводарителска акција во винарска визба „Тиквеш“, информираа попладнево од Црвен крст Кавадарци.
- Беше спроведена доброволна крводарителска акција од страна на Институтот за трансфузиона медицина Скопје, а во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци. Одговорните и вработените во компанијата, ја покажаа својата хуманост и солидарност, трудејќи се колективот да ги удостои и крводарителите и лицата кои ја реализираа акцијата, појаснија од Црвениот крст.
Притоа потсетија дека крводарителите од Кавадарци и Росоман секогаш се меѓу најхуманите во државата. свд/мд/
Фото: Црвен крст Кавадарци