• сабота, 23 ноември 2024

Триесет и двајца младинци од Западен Балкан поддржани на отворениот повик за мобилност на филмски фестивали

Триесет и двајца младинци од Западен Балкан поддржани на отворениот повик за мобилност на филмски фестивали

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Вкупно 32 младинци ќе добијат поддршка бесплатно да учествуваат на работилници на филмски фестивали, во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, што го организира Мрежата на филмски фестивали и организации „Edu Cuts“. 

Како што информираат од Мрежата на филмски фестивали и организации „Edu Cuts“, на повикот биле пријавени 40 младинци од кои 33 девојки и 7 момчиња - од кои 16 од Македонија, 15 од Босна и Херцеговина, 5 од Србија, по 2 од Црна Гора и од Албанија. Поголемиот број од пријавените (33) се средношколци, а седуммина се студенти. Осумте младинци не добија потврда дека се примени да учествуваат на филмски фестивали. 

-На отворениот повик за мобилност, патните трошоци за учество на Младинскиот филмски фестивал во Сараево ќе бидат покриени за 24 младинци од кои 12 се од Босна и Херцеговина, 8 од Македонија и 4 од Србија. Поддржани се уште седум учесници се поддржани да патуваат во Ужице, Србија на Teen Doc работилницата во рамките на Филмскиот фестивал за документарни филмови „Интеракција“. На оваа работилница ќе одат по два учесника од Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија и еден учесник од Црна Гора, посочуваат од Мрежата на филмски фестивали и организации „Edu Cuts“. 

Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ е финансиран од Европската Унија и поддржан од „British Council“ и има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

Mрежата на филмски фестивали и организации „Edu Cuts“, мотивирана од големиот интерес продолжува со поддршката за младите таленти од Западен Балкан. фф/ац/

Фото: Мрежа на филмски фестивали и организации „Edu Cuts“

 

Остани поврзан