• недела, 28 јули 2024

Триесетина лица се изгубиле на ски-терените на Попова Шапка, па се најдени, тројца се повредени

Триесетина лица се изгубиле на ски-терените на Попова Шапка, па се најдени, тројца се повредени
Тетово, 9 декември 2022 (МИА) - Од скијачкиот центар Попова Шапка информираат дека до 14 часот поради густата магла вкупно 30 скијачи се изгубиле по што се најдени и вратени до сместувачките капацитети. Поради густа магла и заради безбедносни причини, запрени се шестоседата жичница, двоседата жичница Церипашина и ски-лифтот Ге. -Во текот на денот, поради појавата на магла и намалената видливост, беа изгубени 30 посетители кои подоцна со помош на лицата одговорни во рамки на Ски-центарот „Попова Шапка” беа пронајдени, додека пак тројца од посетителите кои беа повредени, беа извлечени, од страна на спасителните служби, на пристапно место каде што со помош на Итната медицинска помош, еден од нив, е пренесен во медицинска установа за понатамошно лекување, информираат од ски центарот Попова Шапка. Од СВР Тетово претходно информираа дека нивни службеници од 10.30 до 12.30 часот нашле и вратиле девет скијачи на возраст од 15 до 45 години. ас/цр

Остани поврзан