Триесетдневен притвор за разбојникот што ограби обложувалница во Градец
- Лицето кое беше лишено од слобода под сомнение дека извршило разбојништво во селото Градец од синоќа е во притвор.
Гостивар, 9 мај 2023 (МИА) - Лицето кое беше лишено од слобода под сомнение дека извршило разбојништво во селото Градец од синоќа е во притвор.
Од СВР Тетово информираат дека синоќа судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар му определил мерка притвор од 30 дена на Б.Х.(29) од гостиварски Градец.
- Тој се сомничи дека вчер на 7мај извршил разбојништво во спортска обложувалница во Градец и заканувајќи им се со остар предмет на вработените им одзел пари, а оштетил и дел од инвентарот во внатрешноста на објектот, наведуваат од СВР Тетово.
Истата вечер, околу 21часотни 20 минути, Б.Х. лишен е од слобода од полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар и задржан во Полициската станица Гостивар. При лишувањето пронајдени му се одземените пари од обложувалницата.Тој спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката. згм/цр
Фото:МИА