Трибина: Скопје се развива подеднакво, СДСМ ја има најдобрата понуда
- И во пандемија покажавме како се работи, донесовме неколку сетови мерки со кои го заштитивме секое работно место, секој граѓанин, секоја компанија, различни цели групи, вбризгавме 62 милијард

Скопје, 11 јуни 2021 (МИА) - И во пандемија покажавме како се работи, донесовме неколку сетови мерки со кои го заштитивме секое работно место, секој граѓанин, секоја компанија, различни цели групи, вбризгавме 62 милијарди денари во домаќинствата и компаниите. СДСМ заштити 100.000 работни места и ги зголеми платите кај 200.000 работници, а сега ја реализираме инвестициската програма која тежи осум милијарди евра. Ова вечерва ги истакна заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“.
Таа нагласи дека повеќе од 4.500 проекти се завршени, а повеќе од 2.300 проекти се во фаза на реализација. - Сега нема стиропор, има опремени училишта, сега нема жални врби, има весели и задоволни велосипедисти, ние не инвестираме во рѓосани споменици, инвестираме во човечкиот капитал, сакаме заедно да го одбреме најдоброто за нашите улици, за нашите, градинки, училишта, маала за нашата иднина, порача Лукаревка.
Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи зборуваше за еднаквиот развој во Скопје, за економските политики што Владата предводена од СДСМ ги презеде во овие четири години, а кои, како што рече, резултираа со економски раст, нови работни места и повисок економски стандард за сите граѓани.
-Скопје со години живееше со стигмата „од оваа и онаа страна Вардар“, не се развиваше рамномерно како што доликува на главен град и метропола. Во овие четири години тоа е драстично променето, во Скопје се инвестира во секоја општина, во секоја населба што е важно за идниот развој на градот, рече Битиќи.
Активно помагавме и за време на коронакризата, како што рече, успеавме да спасиме 100.000 работни места, да им помогнеме на десетици илјади компании и тоа го правевме чесно и одговорно и сега кога веќе кризата е зад нас сме во позиција да имаме жива динамична економија и да проектираме повисоки стапки на економски раст.