• среда, 25 декември 2024

Трибина на СДСМ: Приоритет е зелената транзиција, инсталирани 283 мегавати од ОИЕ

Трибина на СДСМ: Приоритет е зелената транзиција, инсталирани 283 мегавати од ОИЕ

Скопје, 14 мај 2023 (МИА) - Зелената транзиција на енергетскиот сектор останува врвен приоритет за СДСМ и веќе се прават подготовки за следната грејна сезона да биде уште поупсешна. Само во изминатите година и три месеци, инсталирани се 200 мегавати од обновливи извори на енергија (ОИЕ), што веќе се вклучени на мрежата, порача денеска лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

-Со новите капацитети од обновливи извори што се изградени за само 16 месеци, може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка за над 10 гардови, или за една година и четири месеци ние имаме изградено капацитет кој е скоро како еден блок на РЕК Битола. Токму поради инвестициите во обновливи извори е намалена енергетската зависност во државата, рече Ковачевски во своето обраќање на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ на тема „Енергетска безбедност и зелена транзиција“, во организација на Комисијата за енергетика на СДСМ што денеска се одржува во Скопје.  

Наместо 33 отсто, додаде, сега за потребите на сите потрошувачи меѓу кои индустријата и малото стопанство има увоз на струја од само околу 11 отсто во првите месеци од оваа година. 

Зелената транзиција на енергетскиот сектор останува врвен приоритет за СДСМ и веќе се прават подготовки за следната грејна сезона да биде уште поупсешна. Само во изминатите година и три месец

-Ова е најниско ниво на увезена струја. Во наредниот период наш приоритет е енергетската транзиција и енергетската независност, а нашата земја да биде и понатаму регионален лидер во енергетската транзиција, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб, истакна Ковачевски, додавајќи дека со поврзувањето на гасоводите, енергетската независност уште повеќе ќе се унапреди.

Нагласи дека изминатата година се покажа колку е важно знаење и посветеност за менаџирање со енергетскиот сектор. 

-Пред само 12 месеци глобалната, светка економија беше пред колапс. Недостигот на енергија и растот на цените на енергенсите и струјата донесоа неизвесност и агонија кај секој граѓанин – не само кај нас, туку и во цела Европа. Но кај нас, струја, бензин, храна, парно имаше доволно, а рестрикции немаше. Ги заштитивме граѓаните и компаниите кога беше најтешко, посочи Ковачевски. 

Потсети дека во време на ВМРО-ДПМНЕ беа инсталирани 18 мегавати од обновливи извори на енергија, додека во време на СДСМ инсталирани се 283 мегавати. 

-Можеме да бидеме горди на нашата работа, затоа што фактите и податоците покажуваат дека имаме вистински резултати кои реално прават разлика, порача претседателот на СДСМ и потсети на зголемувањето на минималната и на просечната плата, намалувањето на невработеноста,...вј/са/

Фото: СДСМ  

Остани поврзан