• четврток, 26 декември 2024

Трибина на СДСМ за улогата на учителот и предизвиците на образовните реформи

Трибина на СДСМ за улогата на учителот и предизвиците на образовните реформи

Скопје, 4 октомври 2023

Денеска во организација на Комисијата за образование и наука на СДСМ се одржа трибина „Улогата на учителот и предизвиците на образовните реформи„ во пресрет на Денот на учителот, 5 октомври.
На трибината се обратија проф. д-р Марина Андева, Претседателката на Комисијата, пратеничката Жаклина Лазаревска, претседател на Комисија за образование, наука и спорт во Собранието на и проф. д-р Јасмина Делчева Диздаревиќ од Филозофски факултет при УКИМ.
Андева потенцираше дека работата на наставниците, учителите на нашите деца се соочуваат со голем број на предизвици но дека со одговорен пристап и системски решенија СДСМ секогаш била посветена на политики кои значат можности за професионален развој, вреднување на трудот и соодветна работна средина за наставниците.

-Се инвестира во подобрени услови за настава и континуирани обуки. Со укинувањето на екстерното тестирање ги ослободивме наставниците од стресни ситуации кои во голема мера влијаеја на нивната работна средина. Со закон обезбедивме кариерно напредување и зголемување на коефициентот на плати, а со тоа се обезбеди квалитетно менторирање на новите наставници-приправници. Платата на наставниот кадар за повеќе од 6 години владеење на СДСМ ја покачивме за 55 %. Наставниците мора да бидат соодветно вреднувани за својата одговорна работа, рече Андева.

Пратеничката Жаклина Лазаревска им се обрати на присутните со јасна порака дека Социјалдемократкиот сојуз на Македонија во своето делување се залага постојано за вложување во наставниците, пример за тоа е заложбата уште во 2021 година за нов Закон за наставници и стручни соработници во основното и средното образование кој за жал се блокира во собраниска процедура на Комисијата за образование, наука и спорт.

Проф. д-р Јасмина Делчева Диздаревиќ во своето обраќање ги истакна главните предизвици на наставниците во денешното модерно време, и се фокусираше на подготовката на материјалите за учење кои треба да бидат изработени согласно потребите на денешните деца за да се поттикне нивната љубопитност и креативност уште од најмала возраст. Таа истакна дека потребата медиумска писменост е повеќе од нужна и наставниците имаат клучна улога во просецот на пренесување на наставните содржини во кои медиумската писменост е вклучена. Улогата на современиот наставник денес е предизвикана од дезинформации и лажни вести кои се шират многу брзо во интернет просторот. Клучно е самите наставници да ги научат децата да ги препознаваат информациите што ги добиваат од медиумите, анализираат и да формираат критичко мислење кон нив.

На настанот се дискутираа и политиките и заложбите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за квалитетен образовен процес за сите и за наставниците и за учениците.

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: СДСМ

Остани поврзан