• вторник, 24 декември 2024

Трибина на ВМРО - ДПМНЕ во Куманово: Младите се разочарани од власта, ние ќе направиме промена

Трибина на ВМРО - ДПМНЕ во Куманово: Младите се разочарани од власта, ние ќе направиме промена

Куманово, 16 мај 2023 (МИА) - Промена на младинските политики за да младите останат во државава и да не се селат, порачаа говорниците на трибината Младински политики во Куманово во рамки на акцијата „Ова е Македонија, за сите!“ која ја организираше ВМРО - ДПМНЕ.

Според нив, за да се подобри состојбата на младите и генерално во државата, потребно е да се смени власта.

Потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Владо Мисајловски кажа дека во Куманово, Владата не вложува ништо и повика граѓаните да го изберат ВМРО - ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Како што посочи младите си заминуваат и се селат во државите од ЕУ.

-Првиот човек на владата е од Куманово, а не гледаме дека се посветува дали направил нешто, кон Куманово и младите. Затоа мора народот да излезе во поголем број за да победи ВМРО-ДПМНЕ, рече Мисајловски.

Тој ја обвини власта за заминувањето на младите.

- Велат младите си заминувале, како да не си заминуваат, кога се потпишува договор за автопатишта, се префрлаат 120 милиони евра за дигитализирани автопатишта, не постојат тие, а некој ги зел парите. Секој млад човек сака да биде во ЕУ, многу се селат таму, додаде Мисајловски.

Мисајловски посочи дека од ЕУ делегацијата им велат да не ги поминуваат законите со ЕУ знаменце, и кажа дека не се оди на овој начин во Европа.

Пред присутните, додаде дека е потребен рестарт и дека Куманово му се потребни инфраструктурни проекти кои како што посочи, се почнати и се бренд на ВМРО - ДПМНЕ. Обраќајќи се истакна дека има мали партии кои ветуваат сешто, но дека имаат задача да ги земат гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и да помогнат на СДС и ДУИ.

Владата нема слух за потребите на младите, нема вложувања во технологијата, кажа претседателката на републичките комисии на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска. Таа посочи дека нема ниту учебници.

Младите се приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, кажа Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на трибината. Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ го нуди проектот „Купи куќа за млади“ за решавање на станбеното прашање кај младите луѓе, даночни олеснувања за компаниите кои ќе вработат млади, вработување во државна институција за 500-тини најдобри студенти.

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ и пратеникот од редовите на партијата, Бобан Николовски и Бране Петрушевски кажаа дека Куманово е заборавено од власта и дека наместо индустриски и развиен спортски центар, тоне поради како што кажаа одмаздата на СДСМ, бидејќи ги изгубиле локалните избори по 30 години. ам/свс/

Фото: МИА

Остани поврзан