• сабота, 23 ноември 2024

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ „Промените се случуваат, секогаш со народот“

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ „Промените се случуваат, секогаш со народот“
12 април 2022    Една одговорна влада немаше да дозволи да стигнеме во оваа ситуација доколку знаеше да планира и доколку знаеше што предизвикуваат одлуките кои што ги носи. Ситуацијата во државата им наметна на просветните работници да протестираат и мислам дека ова е почеток, а потоа ќе почнат и сите останати, пред се трошоците на живот растат и како резултат на тоа платите не можат да бидат доволни да ги покријат тие основни трошоци на живот, вели потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска на денешната трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ во Штип насловена „Промените се случуваат, секогаш со народот“. Димитриеска Кочоска пред присутните рече дека и пред почетокот на инфлацијата платите на просветните работници се несоодветни  во однос на тоа што тие го работат. И пред да почне инфлацијата сметам дека просветните работници навистина добиваа плати кои што не се соодветни на тоа што тие го даваат. Ако ние имаме просветни работници кои што не се мотивирани и се незадоволни ќе имаме катастрофално образование, кажа таа. Во однос на усогласување на бодовите со минималната плата, Димитриеска Кочоска потенцираше дека платите на наставниците ќе бидат најмалку за 80 проценти поголема во однос на оваа влада која што ја земаат сега. Согласно информациите кои што јас ги имам по бодовите со корекцијата на минималната плата, платите треба да ви бидат најмалку за 80 проценти повеќе за тоа што се во моментот. За жал сето лошо почна да се случува некаде почнувајќи од август 2020 година кога започна првото покачување на цената на електричната енергија, потоа тоа почна да се пресликува кај стопанството некаде од јануари 2021 година почна да се чувствува инфлацијата. Пак можеби тогаш толку не го почувствувавте колку што статистиките тоа го покажуваа, за да дојдеме до ситуација на комплетен колапс во државата, изјави Димитриеска Кочоска. Димитриеска Кочоска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржува штрајкот на просветните работници посочувајќи дека верува дека ќе бидат истрајни во своите намери и ќе ги добијат своите барања. Како политичка партија ве подржуваме во штрајкот и искрено се надевам дека ќе издржите во вашите барања. Не случајно го зборам ова бидејќи почнувајќи некаде од јули веројатноста дека повторно ќе имаме покачување на електричната енергија е голема, од друга страна состојбата со Русија и Украина ќе предизвика проблеми во делот на прехранбените производи, објасни таа. Според  Димитриеска Кочоска ситуацијата се повеќе ќе се влошува бидејќи кога ќе почне се помалку да се увезува цените се повеќе ќе одат нагоре, а граѓаните нема да можат да врзат крај со крај. Кога ќе почне се помалку да се увезува цените се повеќе ќе одат нагоре и ќе станува страшно, така што целата оваа ситуација околу платите и не само вие, туку утре ќе се придружат и административците и останатите и нема да можете да врзете крај со крај, заклучи Димитриеска Кочоска. На трибината со просветните работници, која се одржа под насловот „Промените се случуваат, секогаш со народот“, денес во Штип, свое обраќање имаат и пратеникот Миле Лефков и градоначалникот Иван Јорданов. Пратеникот Лефков истакна дека овие трибини се исклучително важни од причина што директно се информира јавноста за она што се случува внатре во Собранието на Република Македонија, особено сега кога е започнат штрајкот на просветните работници, бидејќи ПР-от на Владата се служи со манипулации во однос на барањата на наставниците. - Ако ја следите работата на Собранието безброј пати се споменуваше закон за  наставници и стручни соработници и дека истиот бил блокиран од страна на опозицијата и ние многу тешко можевме да дојдеме до јавноста да објасниме што се случува. Би сакал да започнам од законот за минимална плата бидејќи сметам дека тоа е основата која ги придвижи сите работи во оваа насока. Платите се надомест на работникот, соодветно на тоа и платите на наставниците за трудот кој го вложиле и таа плата треба да ни овозможи одреден достоинствен живот. Она што предизвика да се појде во еден круг на покачување на минималната плата беше токму инфлацијата која ја споменавме. Владата на Ковачевски често наоѓа изговори и вели дека инфлацијата е резултат на инфлацијата во еврозоната, меѓутоа ако погледнете ќе видите дека инфлацијата во Македонија се појавува пред таа во еврозоната и првиот скок на инфлацијата се појавува поради воведување на акцизите на горивата и продолжува со нескротливо темпо над 8%, реално во маркетите гледаме и над 20-30% инфлација што значи дека парите кои ние ги добиваме вклучително и наставниците, вредат сѐ помалку. Ситуацијата во Македонија е дополнително обременета што наставниците во Република Македонија имаат најниски плати во регионот, Србија зема 580 евра, БиХ, Црна Гора, Хрватска 970, меѓутоа, значајно е дека во тие држави просечната плата на наставникот е повисока од просечната плата во државата, кај имаме ситуација просечната плата на наставниците да е пониска од просечната плата во државата. Кога дојде законот за минимална плата, ние предложивме амандман со кој практично рековме, ако ја усогласуваме минималната плата, потребно е таа скалесто да биде усогласена за сите други. – додаде Лефков. И градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, даде свој коментар за ситуацијата со наставниот кадар и последните случувања и рече дека оваа трибина не е во насока да се даде политички белег на протестите, туку да се тргнат сите шпекулации кои циркулираат во јавноста. - Во последните два дена, поголем дел од вработените сигурно сте добиле информација дека доколку се приклучите на штрајкот, ќе бидете заменети со лица пријавени во Заводот за вработување, или пак ќе добиете намалени примања, или казнети. Станува збор за една ноторна лага затоа што правото на протест е уставно загарантирано и никој не може да ви го спори, ниту пак да користи инструменти за заплашување и шпекулации. Затоа, чувствувам обврска да ве охрабрам, не сакам да го политизирам ниту пак сум го политизирал овој протест и еве да кажам дека без причина се немам јавено за да се приклучи на овој протест, сѐ до момент додека видов одредени носители на јавна функција и директори на одредени институции ја надминале надлежноста и искомуницирале со вработените дека треба да останат настрана, односно да не се приклучат на протестот. Јас никого нема да присилам да се приклучи но никогаш нема да дозволам некој кој што има искрена желба да се бори, да биде да биде заплашуван, уценет или дезинформиран. – кажа Јорданов. Јорданов додаде дека ги охрабрува да се борат за нивната јасна цел и за да стигнат до неа треба да го направат системот нефункционален, за да ги предизвикаат челниците од власта да седнат заедно со нив на преговарачка маса. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан