• среда, 25 декември 2024

Трибина во Берово по повод Светскиот ден за борба против дијабетесот

Трибина во Берово по повод Светскиот ден за борба против дијабетесот

Берово, 14 ноември 2023 (МИА) - Tрибина на тема „Шеќерната болест и високиот крвен притисок" се одржа вечерва во Берово во организација на Општина Берово,  во рамки на активностите за подигање на свеста кај луѓето за дијабетесот.

Предавач на трибината беше д-р Јагода Шахпаска, специјалист по интерна медицина,  која пред присутните истакна дека редовната проверка на шеќерот во крвта е многу важна за рано откривање и ран третман на оваа подмолна болест.

Како еден од најважните фактори за добро регулиран дијабетес, Шахпаска  ја напомена правилната исхрана и начинот на живот.

Трибината беше отворена за граѓаните кои имаа можност да добијат одговори на нивните прашања и да разговараат со докторката за начинот на исхрана и начинот на живот, како и за предизвиците со кои се справуваат.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден за борба против дијабетесот, Шахпаска претходно учествуваше и на едукативна работилница за детекција, превенција и лекување на дијабетесот, која се одржа во  Општинското средно училиште ,,Ацо Русковски" во Берово, организирана од младинската канцеларија при училиштето.

Свое искуство на настанот сподели и долгогодишната пациентка Бистра Поп-Ѓеоргиева,  а презентација на темата дијабетес подготвија и учениците. вс/хс/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан