• среда, 25 декември 2024

Трибината на СДСМ „Активни жени - Напредно општество“

Трибината на СДСМ „Активни жени - Напредно општество“
Скопје, 22 јули 2021 Ако сакаме да постигнеме некакви промени во општеството, треба да се активираат жените и тоа го докажаа сите претставнички и членки на Форумот на жените на СДСМ, со својата посветена работа, пожртвуваност и креативност, истакна потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на трибината под мотото „Активни жени – Напредно општество“, во Дојран. Филипче се осврна на постигнатото во изминатите години за изнаоѓање на конкретни решенија за проблемите на граѓаните, за решавање на напластените проблеми во државата, за враќање на парите на граѓаните, зголемување на платите, зголемување на социјалната помош за 300%, отворање болници, па и во време на пандемија. Тој истакна дека заедно со пратеничките го сменивме најсмешниот закон што постоеше во Европа, законот за премин на бременоста, ја ставивме волјата на жената на прво место, отворивме центри за насилство врз жените, кои доаѓаа во ургентно и не сакаа да признаат дека се жртви на насилство, се додека не обезбедивме механизам за препознавање и соодветен третман. Платите на лекарите специјалисти се дуплирани, огромен број млади лекари не ја гледаат иднината во странство, сакаат да работат тука, во болниците, во кои се инвестира, се купува нова опрема, истакна Филипче, додавајќи дека се направени 16 нови болници. Хероите, односно хероините на пандемијата се докторите од кои 50 проценти се жени, и медицинските сестри од кои 95 проценти се жени, нагласи Филипче. Тој упати апел до сите да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствениот начин, со кој можеме да ставиме крај на пандемијата. Во нашето општество, во кое има многу делови и сегменти, само еден сегмент е идеален, а тоа се жените, затоа треба да се вклучени во сите процеси, во сите институции, во што поголем број, зашто веќе видовме, а вие докажавте, дека статусот на жените е всушност статусот на демократијата во нашата земја. Да работиме заедно и понатаму да ја унапредуваме, порача потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на трибината под мотото „Активни жени – Напредно општество“. Ние треба да го менуваме начинот на размислување, да се бориме против стереотипите, преку образованието, што е клучно, но и  да креираме политики, не само на централно ниво, туку и на локално ниво, ако имаме вакви градоначалници ќе имаме вистински политики, а ако имаме други нема да ги имаме вистинските политики, порача претседатеката на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева на трибината под мотото „Активни жени - Напредно општество“ во Дојран. Изминатите години работевме многу, но и постигнавме многу, СДСМ е партија предвовник на концептот за целосна родова еднаквост, застапеност 50/50, партија која креира и спроведува политики кои значително помагаат во поголемата вклученост на жените во општествениот живот, истакна Калеска Ванчева. Таа додаде дека со последните статутарните измени СДСМ стана прва партија во земјава, прва партија во регионот и една од ретките партии во Европа која има целосна родова еднаквост и учество на мажите и жените рамноправно во своите органи и тела на партијата. Од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи – целосна родова еднаквост. Од 18 члена на Извршниот одбор на СДСМ 9 се жени, истакна Калеска-Ванчева. Таа нагласи дека преку конкретни дела и политики покажавме што значи вистинска заложба за жените во политиката но и во општеството. Веднаш по доаѓањето на власт ја усвоивме Конвенција на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство или позната како Истанбулска конвенција, донесвме национален Национален акциски план за нејзина имплементација, кој забрзано се спроведува донесовме нов закон за прекин на бременоста, со кој ѝ го вративме правото на жената да одлучува за сопственото тело и за сопственото здравје, го донесовме Законот за заштита и спречување на дискриминација., рече Калеска Ванчева Таа нагласи дека СДСМ и Форумот на жени активно работат на обезбедување на услови за подигнување на животниот стандард и финансиската независност на жените, подобрување на условите за работа на жените земјоделки. Родовата еднаквост и во следниот период ќе биде наш висок приоритет затоа што општество каде сите се еднакви е општество во кое има просперитет, порача претседатеката на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева на трибината под мотото „Активни жени - Напредно општество“. СДСМ креира и реализира политики проекти скроени за младите, да можат иднината да ја гледаат дома, а не во странство, креира родово балансирани политики за еднакви можности на младите и жените, истакна потпретседателката на СДММ Марија Иванова на трибината во организација на Форумот на жени на СДСМ, под мотото „Активни жени – напредно општество“ во Дојран. Таа нагласи дека парламентарно мнозинство предводено од СДСМ го донесе Законот за младинско учество и младински политики кој има важна улога во унапредувањето на квалитетот на живот на младите, формира Национално советодавно тело за младински политики. СДСМ преку институциите што ги предводи носи важни решенија за граѓаните, за жените и младите, а честопати дел од тие решенија доаѓаат по предлог на СДММ, нагласи Иванова, додавајќи дека последен пример е иницијативата што СДММ за намалување на ДДВ на производите за менструално здравје од 18 на 5 отсто. Во однос на младите, СДММ поднесе, а Собранието ги усвои законските измени со кои 40.000 редовни студенти добиваат по 2.400 денари месечно за субвенциониран студентски оброк со можност за искористување кај секој трговец, со што се унапредува економскиот стандард на студентите, нагласи Иванова. Таа истакна дека преку низата мерки, преку привлекување странски инвестции, преку државна помош и активните мерки за вработување, ја намалуваме невработеноста како кај младите, така и кај жените. Преку директна помош кон младите даваме поддршка за самовработување и отварање на сопствен бизнис - неповратни средства од 5.000 до 15.000 евра за отварање на сопствен бизнис за млади и жени, тука е континуираната поддршка преку ФИТР за старапи и развој на бизниси, како и преку Оперативниот план за вработување, нагласи Иванова Таа подвлече дека младите го препознаваат најдоброто, и не случајно 30 отсто од новите членови кои се приклучија во СДСМ се млади луѓе, мотивирани и подготвени да работат за добро на државата. Пред нас се бројни предизвици, но само со активни жени, со активни млади можеме да ги надминеме и да ги подобриме условите за живот, европските стандарди да ги донесеме дома, порача потпретседателката на СДММ Марија Иванова на трибината во организација на Форумот на жени на СДСМ, под мотото „Активни жени – напредно општество“. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан