• среда, 25 декември 2024

Трет случај на конго кримска хемогарична треска

Трет случај на конго кримска хемогарична треска

Скопје, 14 август 2023 (МИА) - Четириесет и двегодишен велешанец е позитивен на конго кримската хеморагична треска, потврди Институтот за јавно здравје. Пациентот во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести бо Скопје  и е во стабилна општа состојба. 

Во 13:30 часот најавена е изјава на директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ.

Од ИКЈ информираат дека пациентот имал покачена температура до 38 степени, главоболка, болка во телото, малаксаност и обилно потење и првично е примен во Општата болница во Велес.

- Во доцните вечерни часови на 12.08.2023, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ РСМ е телефонски известен за позитивен резултат на Конго Кримска хеморагична треска од направените тестови на материјал добиен од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Тестирањата се направени на Одделението за вирусологија при ИЈЗ. Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од Општа болница Велес, истиот ден. Почетокот на симптомите на покачена температура до 38°Ц, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во Општата болница во Велес, информираат од ИЈЗ.

Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи.

- Во контекст на пристапот Едно здравје (One health) контактирана е Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни истражувања на терен. Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ е во комуникација со ЦЈЗ Велес и ја следи состојбата, а доколку има промена, соодветно ќе информира, се наведува во соопштението. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан