• среда, 25 декември 2024

Трет пораз на македонските ракометарки Европското јуниорско првенство

Трет пораз на македонските ракометарки Европското јуниорско првенство

Миовени, 9 јули 2023 (МИА) – Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација го претрпе третиот пораз на ЕХФ Европското првенство, откако попладнево во романскиот град Миовени загуби од Чешка со 29-24 во рамки на третото коло во групата Д.

Чешките ракометарки во 20. минута имаа предност од четири голови разлика (11-7), кога македонскиот состав влезе во серија од 6-1 и замина на полувреме со водство од 13-12.

Чешка подобри го отвори натпреварот по продолжението и многу брзо ја врати предноста од четири голови (19-15).

Македонските ракометарки успеаја да се приближат на гол негатива (23-22) пред завршните пет минути од дуелот, но немаа сили да го избегнат поразот од Чешка со што завршија последнопласирани во групата Д пред настапот во втората фаза за пласман од 9. до 16 место.

Сара Стефаноска со шест голови беше најефикасна во македонската репрезентација.ег/бт/

ФОТО: РФМ

Остани поврзан