• сабота, 23 ноември 2024

Трет пораз на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига

Трет пораз на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига

Скопје, 3 јуни 2023 (МИА) – Македонската женска одбојкарска репрезентација го претрпе третиот пораз во Европската сребрена лига, откако вечерва во Скопје загуби од Естонија со максимални 3-0 во рамки на третото коло во Групата А.

Во натпревар кој ефективно траеше 72 минути, македонските одбојкарки лесно ги препуштија воведните два сета (10-25, 14-25), а достоен отпор пружија во завршниот сет кој Естонија го реши во своја корист со 25-20.

Во воведните две кола македонските одбојкарки претрпеа порази на домашен терен од Австрија и Летонија со идентични 3-0.

Претходно денеска во првиот натпревар од третото коло во групата А, Австрија ја совлада Летонија со 3-1.

За избраничките на македонскиот селектор Стефан Пауновиќ следуваат три натпревари во Европската сребрена лига на гостински терен, против Естонија (10 јуни), Летонија (14 јуни) и Австрија (17 јуни). ег/ев/

ФОТО: ОФМ

Остани поврзан