• сабота, 23 ноември 2024

Трет пораз за македонските кошаркари на олимписките претквалификации во Талин

Трет пораз за македонските кошаркари на олимписките претквалификации во Талин

Талин, 15 август 2023 (МИА) - Во третото и последно коло на предолимписките квалификации во главниот град на Естонија, македонската кошаркарска репрезентација попладнево загуби оф Чешка со 94:82.

 

Без победа во три одиграни натпревари избраниците на селекторот Александар Јончевски го завршија овој циклус натпревари.

 

Ти-Џеј Шортс уште еднаш беше најдобар поединец во македонскиот состав. Тој мечот го заврши со 27 реализирани поени и пет асистенции. Одлични минути забележа Андреј Андоноски, кој оваа средба во Талин ќе ја памети по постигнатите 14 поени и два скока, додека капитенот Војдан Стојановски го следеше со 13 поени и по два скока и исто толку асистенции. 

 

Вечерва, од 18 часот, во Арената „Тондираба“ ќе се игра и последниот натпревар од турнирот во кој ќе се сретнат репрезентациите на Израел и на Естонија. Победникот ќе го потврди својот пласман во наредната фаза, која стартува на 17 август во полскиот Гљивице. зс/

Остани поврзан