Трет Женски Економски Форум на тема „Сајбер ризици и заштита на личните податоци“
- Во организација на „Јас Сум Жена“, „Global Shapers Skopje Hub“, Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД Штип и авторката на курс и планер за лично буџетирање „Мој Буџет“ – Јасмина Христовска денеска во домот на култура „Билјана Беличанец“ Скопје ќе се одржи третиот Женски Економски Форум, кој е под покровителство на општина Кисела Вода.

Скопје, 30 март 2025 (МИА) - Во организација на „Јас Сум Жена“, „Global Shapers Skopje Hub“, Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД Штип и авторката на курс и планер за лично буџетирање „Мој Буџет“ – Јасмина Христовска денеска во домот на култура „Билјана Беличанец“ Скопје ќе се одржи третиот Женски Економски Форум, кој е под покровителство на Општина Кисела Вода.
Како што информираат од Здружението за вмрежување на успешни жени, едуцирање и истражување „Јас сум жена“ меѓу главните панелистки на форумот се министерката за образование и наука, Весна Јаневска и министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриеска.
На тема сајбер ризици и заштита на личните податоци, ќе говорат Кристина Јовановска, предводник на услугата за управувана безбедност во Австрија, Германија и Швајцарија во Avanad, Анастасија Ристовска, MBA- Основач на Books at ease и Next generation, Марија Ѓоргиева, заменик директор за стратегија и развој при Глобалната сајбер алијанса и Василка Апостолска, самостоен советник - Канцеларија за супервизија на информативни системи - Сектор за супервизија - НБРМ. сст/дма/
Фото Здружение за вмрежување на успешни жени, едуцирање и истражување „Јас сум жена“