• недела, 24 ноември 2024

Трет ден предупредувачки протест на МИА, се бара зголемување на платите

Трет ден предупредувачки протест на МИА, се бара зголемување на платите

Скопје, 31 јули 2023 (МИА) - Вработените во Медиумската информативна агенција (МИА) и денеска излегоа на предупредувачки протест во 11 часот, за време на паузата, пред просториите на агенцијата. Бараат зголемување на платите и велат дека Владата сè уште не одговорила на нивното барање.

- Вработените во МИА имаат серија барања од кои најитно е зголемување на платите за 30 проценти и порамнување со трошоците на живот, наведуваат вработените. 

Потсетуваат дека МИА е столб на објективно новинарство, што дневно продуцира околу 400 вести на македонски, на албански и на англиски јазик и е главен извор на вести во медиумскиот простор, како во државата така и во регионот.

Вработените во МИА се надеваат дека набрзо ќе има позитивна разрешница на нивното легитимно барање за зголемување на платите.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) оценува дека барањата на вработените во МИА се легитимни и дава целосна поддршка. Потенцираат дека слободата на медиумите и слободата на говорот, па дури и борбата против лажните вести се невозможни ако новинарите и медиумските работници имаат потпросечни плати. мд/нд/

Фото: МИА и ССНМ

Остани поврзан