• среда, 25 декември 2024

Трето олимписко злато во Париз за Новозеланѓанката Карингтон

Трето олимписко злато во Париз за Новозеланѓанката Карингтон

 

Париз, 10 август 2024 (МИА) – Новозеланѓанката Лиза Карингтон ја освои својата трета титула на Олимписките игри во Париз, откако денеска го освои златото во финалната трка во кајак кану за жени на 500 метри.

Триесетипетгодишната Карингтон суверено мина низ целта со време од 1:47,36 минути, што е најдобро олимписко достигнување во дисциплината.

Првата тројка беше иста како и во Токио пред три години: Унгарката Тамара Чипс го освои среброто со 1:48.44, а Ема Јоргенсен од Данска се закити со бронзата со 1:49.76.

Златото е трето за Лиза Карингтон во Париз по нејзините успеси на 500 метри кајак двосед и четворосед.

Таа сега има вкупно осум олимписки златни и еден бронзен медал во кариерата, како и 15 златни, пет сребрени и два две бронзени одличја од светски првенства. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан