• сабота, 21 декември 2024

Трета титула во Вухан за Сабаленка

Трета титула во Вухан за Сабаленка

 

Вухан, 13 октомври 2024 (МИА) – Белорусинката Арина Сабаленка го освои ВТА турнирот од серијата 1000 во кинескиот град Вухан со награден фонд од три милиони евра, откако во денешното финале по два часа и 36 минути ја совлада домашната тенисерка Кивен Женг со 6:3, 5:7, 6:3.

Дваесетишестгодишната Сабаленка ја освои четвртата титула сезонава, а вкупно 17 во кариерата, додека триумфот во Вухан за Белорусинката беше вкупно трет, по успесите во 2018 и 2019 година.

Сабаленка годинава беше најдобра на уште два грен слем турнири, Австралија Опен и УС Опен, а победи и на турнирот во Синсинати, што е нејзина најдобра сезона по освоени титули.

Оваа година е многу успешна и за 22-годишната Женг, која освои златен медал на Олимписките игри во Париз, а победи и турнирот во Палермо и го повтори минатогодишниот успех. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан