• недела, 29 декември 2024

Трета лицитација за зградата на Еуростандард Банка, најдобра понудата на Пантелеон ГС

Трета лицитација за зградата на Еуростандард Банка, најдобра понудата на Пантелеон ГС

Скопје, 16 март 2023 (МИА) - На третата електронска лицитација за продажба на зградата на Еуростандард Банка понудата на Пантелеон ГС, како што соопштуваат  од оваа компанија, е избрана за најдобра.

Од Пантелеон ГС посочуваат дека останува во следните денови стечајниот управник и собранието на доверители само да го потврдат купопродажниот процес.

За ревизорската проценка ја ангажирале независна интернационална ревизорска куќа РСМ Македонија и била направена во декември 2022 година во присуство на претставник од стечајниот управник, а по стандардизирана методологија за евалуација на недвижен имот, соглано законски усвоена методологија, професионално и непристрасно почитувајќи го кодексот на етика.

-Објектот вклучува 1977 метри квадратни канцелариски простор, 1512 метри квадратни под земја наменети за трезор, архива, помошни простории и 20 паркинг места, или вкупна површина од 3489 квадратни метри. Ревизорската куќа РСМ Македонија го процени на 5,3 милиони евра, додека износот кој Пантелеон ГС  го понуди изнесува 330 милиони денари, стои во соопштението.

Народната банка во август 2020 година  соопшти дека ја затворила „Еуростандард банка" АД Скопје, поради неисполнување минимални законски услови за работење, а Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе наредба за истрага против четири лица за кои постои сомнение дека сториле кривично дело предизвикување стечај на банката и продолжено кривично дело – перење пари.лв/са/

 

 

 

 

Остани поврзан