• недела, 24 ноември 2024

Тренчевска – Јовановиќ : Соработката меѓу нашите држави продолжува во иста насока

Тренчевска – Јовановиќ : Соработката меѓу нашите држави продолжува во иста насока
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, Невена Јовановиќ. На средбата тие разговараа за блиските билатерални односи помеѓу државите, можностите кои ги нуди Отворен Балкан како и предизвиците со кои се соочуваат државите во регионот во однос на младите и иселувањето, соопшти МТСП. Двете соговорнички изразиле благодарност за досегашната соработка, како и за поддршката во време на економска и енергетска криза. Разговарале и за можностите кои што ги нуди Отворен Балкан и како тоа позитивно влијае на билатералните односи помеѓу државите.-Ви благодарам на целата поддршка што Република Србија ја дава на Република Северна Македонија, нашето врвно раководство и премиерот и претседателот се во постојана комуникација со претседателот и премиерката на Србија и навистина во овие тешки кризни моменти ви благодарам на поддршката што ја давате на нашата држава. И во делот на земјоделието како и гас и електрична енергија, за се она што во моментот е како предизвик за нас, ја добиваме поддршката од  вас, рекла Тренчевска.Амбасадорката посочила дека Република Северна Македонија ја има целосната поддршка од нејзина страна кога станува збор за унапредување квалитетот на живот на граѓаните а особено на младите лица во државата. Таа акцент ставила на иселувањето на младите од државите, како предизвик со кој што се соочува цел регион во моментот.- Иселувањето на младите е предизвик. Кога ќе го отвориме пазарот помеѓу Република Северна Македонија, Република Србија и Албанија ќе значи многу и за нашите еконимии, проширувањето на можностите на пазарот на трудот како и на задржувањето на младите во родните земји. ИТ секторот кај вас е доста развиен, го следиме вашиот пример и се залагаме и кај нас да го постигнеме истото. Да создадеме една критична маса на млади кои што ќе имаат можност да работат за компании од надвор но сепак да останат во нашата држава, нагласила  Тренчевска.Министерката и амбасадорката се согласиле дека понатамошните заложби треба да бидат во насока на вложување во младите лица во државите затоа што тоа значи влог во иднината. сст/дма/

Остани поврзан