• сабота, 23 ноември 2024

Тренчевска ќе го презентира Извештајот по Конвенцијата на ООН за правaта на детето во Женева

Тренчевска ќе го презентира Извештајот по Конвенцијата на ООН за правaта на детето во Женева

Скопје, 29 август 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Женева ќе го презентира Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето и по двата факултативни протоколи за вклученост на деца во вооружени конфликти и за трговија со  деца, детска проституција и детска порнографија.

Тренчевска, како што соопшти МТСП, е предводник на делегацијата на Северна Македонија во Женева во состав на претставници на Министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни работи, за образование, здравство, правда и надворешни работи.

Министѕерката Тренчевска пред Комитетот за правата на детето во Женева ќе има обраќање денеска во попладневните часови. дма/аа/

   

Остани поврзан