• сабота, 28 декември 2024

Тренчевска: УНИЦЕФ останува верен партнер на МТСП

Тренчевска: УНИЦЕФ останува верен партнер на МТСП

Скопје, 24 јануари 2024 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани го потпишаа едногодишниот план за работа кој ги вклучува канцеларијата на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика.

Како што соопштија од МТСП, главниот фокус на програмата е на социјална политика, заштита од насилство и предучилишно образование.

-Целта на потпишаната програма е на сите момчиња, девојчиња и семејства да им се овозможи еднаков пристап до социјалните услуги со интегриран квалитет, кој што овозможува подобро здравје, грижа и нега како и заштита од негативни искуства. Воедно, преку програмата треба да се овозможи на децата и младите да се развиваат и напредуваат преку квалитетно и инклузивно образование, стои во соопштението.

Од Министерството за труд и социјална политика, наведуваат дека во периодот кој што следи ќе се залагаат да се овозможи преку детската заштита поволно опкружување во кое на детето му се дава централно место. вг/цр

Фото: МТСП

Остани поврзан