• четврток, 26 декември 2024

Тренчевска: Стареењето и миграцијата опфатени во Демографската стратегија и Националната стратегија за развој

Тренчевска: Стареењето и миграцијата опфатени во Демографската стратегија и Националната стратегија за развој

Скопје, 19 октомври 2023 (МИА) - Во Република Северна Македонија, сведоци сме на слични промени во трендовите на населението како што се гледаат во регионот на Источна Европа како што е стареењето и миграцијата. Овие предизвици и аспектите на демографската отпорност се опфатени во тековното ажурирање на Демографската стратегија и Националната стратегија за развој што во моментот е во финална фаза на изработка, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на регионалната конференција „Население и развој: Гарантирање на права и изборот“ во организација на UNECE/UNFPA, во Женева.

На конференцијата беа истакнати точките на напредок во имплементацијата на Програмата за акција од Меѓународната конференција за население и развој од 1994 година.

Тренчевска во своето обраќање зборуваше за клучните точки од Националниот извештај за ICPD30 што беше развиен во пресрет на конференцијата.

Таа се осврна и на новата Национална стратегија за млади 2023-2027 година и истакна дека истата е развиена со придонес на преку 1000 млади луѓе. Тренчевска посочи дека на таков начин се таргетирани приоритетите на младите како што е пристапот до информации и услуги, поддршка за одржување на нивното здравје и благосостојба, квалитетно образование, учество и вработување.

Таа зборуваше и за напредокот на прашањето за родова еднаквост во државата со фокус на родовата еднаквост во приватниот сектор.

- Во постигнувањето на родовата еднаквост, дозволете ми да ја истакнам важноста на родово сензитивните политики во приватниот сектор кои ги одразуваат одлуките за основање семејство и споделување на семејните обврски, рече министерката.

На крајот од своето излагање, Тренчевска повика на соработка и истакна дека со градење на сојузи и поттикнување на поголема транспарентност и одговорност, регионот може да се справи со предизвиците кои ги надминуваат капацитетите на земјите поединечно.

Покрај министерката Тренчевска, на конференцијата учесници на делегацијата од РСМ се и Теута Агаи-Демјаха, амбасадор и ПП на Република Северна Македонија при ООН во Женева Ана Данева-Маркова, претседател на Комитетот за безбедно мајчинство Наташа Димеска, шеф на кабинет во министерството за труд и социјална политика Афродита Шаља-Плавјанска, шеф на канцеларијата на УНФПА-Скопје Бурим Билали, советник во ПМ на Република Северна Македонија при ООН во Женева Александар Трајкоски, втор секретар во ПМ на Република Северна Македонија при ООН во Женева, и Анисија Угриновска, младински делегат на ОН. ир/са/

 

Фото: МТСП

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан