• среда, 18 декември 2024

Тренчевска: Се грижиме за ранливите, со новите мерки до 10.000 денари поддршка во наредните 5 месеци

Тренчевска: Се грижиме за ранливите, со новите мерки до 10.000 денари поддршка во наредните 5 месеци

Скопје, 21 декември 2023

Грижата за сите, особено за ранливите граѓани е социјалдемократска вредност која ние ја преточивме во конкретни политики и мерки затоа што веруваме дека на секого му е потребна помош и поддршка, рече претседателката на Форумот на жени на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска на денешната трибина Повеќе за сите во Гевгелија.

-Во услови на продолжени ефекти од енергетската криза и зголемени трошоци, помагаме повеќе за надминување на предизвиците. Се грижиме за социјално ранливите граѓани и со дополнителна финансиска поддршка како дел од 9-ти пакет на антикризни мерки вреден 662 милиони евра. До 10.000 денари за период од 5 месеци финансиска помош добиваат  социјално ранливите граѓани, корисниците на надомест заради попреченост, самохрани родители приматели на Гарантиран минимален приход, деца со попреченост до 26 години, потенцираше Тренчевска.

За оваа финансиска поддршка нема потреба граѓаните да аплицираат, ќе ја добијат директно на сметките од страна на Министерството за труд и социјална политика.
-Со новите мерки обезбедувме и финансиска поддршка за ученици од средно и основно училиште, од семејства со месечни примања до 50.000 денари, ваучери за превоз на студенти, додаде Тренчевска на трибината Повеќе за сите на СДСМ во Гевгелија.

Сите овие мерки се дополнителна поддршка покрај активните мерки за финансиска поддршка на ранливи граѓани. Со СДСМ има повеќе за сите.

Тренчевска од трибината Повеќе за сите во Валандово: До 15.000 денари поддршка за пензионери во наредните 5 месеци


Грижата за нашите повозрасни сограѓани, пензионерите СДСМ ја покажа во изминатите години преку системски мерки и политики за зголемување на пензиите а обезбедивме и мерки за финансиска поддршка. Со последниот пакет антикризни мерки поддршка добиваат 187.000 пензии со пониски пензии, рече претседателката на Форумот на жени на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска  на трибината Повеќе за сите во Валандово.


-Го штитиме животниот стандард на пензионерите во услови на продолжени ефекти од енергетската криза. Во наредните 5 месеци пензионерите со пензија до 14.000 денари добиваат по 3.000 денари месечно финансиска поддршка. За 5 месеци тоа е поддршка од вкупно 15.000 денари и реална помош во услови на продолжена криза. Пензионерите пак со пензија од 14.000 до 16.000 денари добиваат  вкупно 10.000 денари за период од 5 месеци, рече Тренчевска.


СДСМ веќе  ги покачи пензиите пораснаа во просек 5.000 денари во однос на тоа што изнесуваа од времето на ДПМНЕ, само последната година ги зголемивме за 25%, додаде Тренчевска.


Со СДСМ за сите има повеќе за пензионерите и пензиите ќе продолжат да растат и во иднина.

 

Фото: СДСМ 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан