• среда, 18 декември 2024

Тренчевска: СДСМ продолжува со грижата за сите, обезбедуваме повисоки пензии и поддршка за ранливите категории граѓани

Тренчевска: СДСМ продолжува со грижата за сите, обезбедуваме повисоки пензии и поддршка за ранливите категории граѓани
28 октомври 2022
Претседателката на форумот на жени, Јована Тренчевска денеска се обрати пред граѓаните на трибината „Силно и одлучно кон иднината"  во Крушево.
„Сакаме да разговараме со сите, во сите општини, во сите населени места, да дадеме отчет што е направено во овие 10 месеци, но и да ги слушнеме вашите проблеми, предлози, забелешки и мислења“ порача Тренчевски.  каде присуствуваше и државната секретарка на Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ. Трибината ја отвори со поздравно обраќање градоначалникот Томе Христоски.
Таа истакна дека СДСМ има визија за економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет, додавајќи дека Владата предводена од СДСМ е континуирано посветена на грижа за граѓаните.
„Уште во првите денови од мандатот ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, што е двојно повеќе отколку пред 5 години кога таа изнесуваше 9.000 денари. Три месеци над 320.000 граѓани добиваа по 1.000 денари дополнителна помош, а од септември имаат рекордно покачување од 6,8 отсто. Во следните четири месеци ќе им помагаме на над 200.000 граѓани од ранливите категории за полесно да се справат со последиците од кризата. Тоа е одговорно и државничко постапување, тоа е СДСМ“ посочи Тренчевска.
Претседателката на Форумот на жени на СДСМ повика членовите на партијата да се посветат и да помагаат на граѓаните.
„Ве повикувам како социјалдемократи, подавајте рака секому, помагајте, обединувајте, допрете до секој член, до секој граѓанин, заедно да делуваме, затоа што така полесно и побрзо ќе ја надминеме и оваа криза.“ порача Тренчевска во Крушево.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

Остани поврзан