• сабота, 23 ноември 2024

Тренчевска: Работата со посветени партнери секогаш вродува со плод

Тренчевска: Работата со посветени партнери секогаш вродува со плод

Скопје, 16 јануари 2024 (МИА) - Соработка во делот на обезбедување компјутери, курсеви за англиски јазик, обуки за компјутерски вештини, помош при вработување и реализација на менторска програма за деца од згрижувачки семејства и деца сместени во установите на Министерството за труд и социјална политика предвидува Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорот на Фондација „Ѓорѓи Марјановиќ“, Александар Марјановиќ.

Ваквата иницијатива, како што соопштуваат од МТСП, била поттикната на претходни средби помеѓу Тренчевска и Марјановиќ  на кои се разговарало за начините на кои може да се поддржат децата кои се сместени во згрижувачки семејства и штитениците на Министерството за труд и социјална политика.

Тренчевска на средбата истакнала дека за неа од особена важност се партнерите со кои се поттикнуваат нови иницијативи и тие се доведуваат до реализација, особено, како што рекла, кога работи за иницијативи кои го допираат квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани. сст/са/

Фото: МТСП

Остани поврзан