• четврток, 26 декември 2024

Тренчевска : Од 2017 година до денеска отворивме вкупно 83 објекти за близу 8 000 деца

Тренчевска : Од 2017 година до денеска отворивме вкупно 83 објекти за близу 8 000 деца

Кавадарци, 2023 (МИА) – Од 2017 година до денеска отворивме вкупно 83 објекти, за близу 8.000 деца, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, при денешната посета на објектот „Сонце“ на градинката „Рада Поцева“ во Кавадарци.

- Местата што создаваат спомени, што ветуваат сигурно и безгрижно детство и иднина на успеси, се градинките. Затоа ние како Влада од 2017 година до денес отворивме вкупно 83 објекти, за близу 8.000 деца. Само во Општина Кавадарци од 2017 година досега, отворивме пет нови објекти, со што обезбедивме места во градинката за вкупно 363 деца, рече министерката, која зеедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, е во работна посета на Кавадарци.

Таа нагласи дека Владата, преку капиталните инвестиции на МТСП, само во Општина Кавадарци инавестирала вкупно 1,049,863 евра  за градежни активности и опрема во детските градинки.

- Денес утрото го поминавме во објектот „Сонце“ од детската градинка „Рада Поцева“, што има капацитет за 140 деца. Овој модерен објект со современа опрема е инвестиција на Министерството за труд и социјална политика, преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, финансиран од Светска Банка, додаде Тренчевска.

Таа потсети дека за овој објект беа издвоени 50.219.379 денари за градежни активности и 8.515.702 денари за набавка, испорака и монтажа на опрема.

- Ќе ја цитирам Марија Монтесори, „Децата учат од она што ги опкружува“ и токму тоа е мотивот за нас како Влада. Да вложуваме во предучилишното образование и да стане синоним за објекти, што се врвни архитектонски решенија, кадар кој е обучен и охрабрен и деца кои се среќни и љубопитни. Во градинките се наоѓа нашата иднина – децата. Затоа продолжуваме да вложуваме во неа, подвлече министерката.

Одговарајќи на новинарски прашања, таа се осврна и на другите проекти во интерес на сите, нагласи дека е многу важна соработката со општините и дека во овој случај, Општината дала придонес со експропријација на земјиштето. свд/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан