• среда, 04 декември 2024

Тренчевска од Струмица: Ги унапредуваме правата и услугите од социјална заштита согласно потребите на граѓаните

Тренчевска од Струмица: Ги унапредуваме правата и услугите од социјална заштита согласно потребите на граѓаните
Струмица, 23 мај 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денешната посетата во Струмица ја почна со заеднички појадок со корисниците во станбените единици кои со процесот на деинституционализација се преместени од Заводот „Бања Банско“. -Процесот на деинституционализација го подобрува квалитетот на живот на лицата со попреченост. Корисниците кои во овој процес се преместени во станови живеат со поддршка, користејќи ги услугите за лична асистенција според нивните потреби, рече Тренчевска. Министерката го посети и Центарот за работно ориентирана рехабилитација и работно оспособување на лица со попреченост како и терапевтската заедница „Покров“ која функционира во рамките на организацијата „Избор“. -Центарот за работно ориентирана рехабилитација и работно оспособување на лица со попреченост во кој се преработува, суши и пакува земјоделски производи им овозможува на овие лица да придонесуваат за заедницата и да го исполнуваат својот целосен потенцијал. Како Влада и Министерство вложуваме во унапредување на правата на лицата со попреченост, изјави Тренчевска. Таа подвлече дека Министерството за труд и социјална политика продолжува да работи во насока на унапредување на животот на сите граѓани, неправејќи разлика  за каков социјален ризик се работи. рт/аа/

Остани поврзан