• сабота, 28 декември 2024

Тренчевска од Женева: Нотиран напредок на државата во областа на права на децата

Тренчевска од Женева: Нотиран напредок на државата во областа на права на децата

Скопје, 30 септември 2022(МИА)-На вториот ден од презентацијата на Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето во Женева, делегацијата предводена од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, учествуваше во интерактивен дијалог со цел објаснување на постигнувањата на нашата држава во областа на правата на детето. Нашите претставници одговараа и на поставените прашања од страна на членовите на Комитетот, информираат од МТСП.

-Определбата на нашата земја е повеќе од очигледна и ќе останеме доследни на истата во иднина. Согласно презентираното преку националниот извештај, листата на одговори по дополнителни прашања и на двете сесии на интерактивниот дијалог, јасно манифестирана е посветеност на државата за унапредување и заштита на основните човекови права на децата како индивидуа. Постигнатиот прогрес е нотиран, но истовремено претставува и поттик за јакнење на нашите напори во насока на гарантирање на најдобриот интерес на детето и почитување на детските права од секој аспект, рече Тренчевска.

Од МТСП известуваат дека претставниците од делегацијата ги одговориле прашањата кои се од интерес на нивното ресорно министерство и дале детален приказ на работата и заложбите на Република Северна Македонија.

-Беше потенциран и мултисекторскиот пристап како и вклученоста на граѓанските организации во надминување на предизвиците и унапредување на основните права на децата, велат од МТСП.

Во фокус на дискусијата биле и лицата со попреченост при што министерката истакнала дека во една држава и да има само едно дете со попреченост треба да се преземаат политики и мерки како и да се овозможи негово вклучување во сите општествени сфери.ир/лв/

   

Остани поврзан