• среда, 18 декември 2024

Тренчевска на СЕФФ: Влогот во човечкиот капитал е влог во државата

Тренчевска на СЕФФ: Влогот во човечкиот капитал е влог во државата
31 мај 2022  Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се обрати на панел дискусијата „Човечкиот капитал во дваесет и првиот век“ во рамките на „Скопскиот економски и финансиски форум“. Министерката зборуваше за важноста на предучилишното воспитание и зајакнување на капацитетите на вработените во градинките. Како и креирањето на политики и мерки за решавање на предизвиците со невработеноста и вработливоста на младите. „Развивањето на вештини уште од раното детство ги поставува темелите за успех во понатамошниот развиток на децата. Во изминатиот период вложуваме во детските установи и ги зголемуваме капацитетите на градинките за што поголема вклученост на децата во нив. Вложувањето само во инфраструктурата нема да донесе успех, затоа ги зајакнуваме и капацитетите на вработените во градинките“ изјави Тренчевска. Во однос на мерките и политиките каде во фокус се младите, министерката истакна дека особено значајна е Гаранцијата за млади. „Гаранцијата за млади, која е дел од Европските носечки иницијативи и има за цел да им обезбеди на младите лица (15-29 години) во период од четири месеци од денот на евиденција во Агенција за вработување на Република Северна Македонија, квалитетна понуда за вработување, континуирано образование и обука или практикантство. Република Северна Македонија е прва земја од земјите на Западен Балкан кои ја воведоа и применија  Гаранцијата за млади “ рече Тренчевска. Министерката додаде дека особено е атрактивна и Програмата за самовработување преку која Владата доделува 5.000 евра на едно лице за отворање на нов бизнис додека за двајца содружници грантот изнесува 10.000 евра.   Министерство за труд и социјална политика  __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан