• среда, 25 декември 2024

Тренчевска: Мицкоски е на Самит на НАТО поради државничките одлуки на СДСМ кои тој ги блокираше

Тренчевска: Мицкоски е на Самит на НАТО поради државничките одлуки на СДСМ кои тој ги блокираше

10 јули 2024 


Присуството на Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон е поради храбрите и државнички одлуки кои ги донесе СДСМ за членство во Алијансата, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска во емисијата Самo вистина на Канал 5 Телевизија.

-Мицковски и придружната делегацијата немаше да бидат во Вашингтон на најголемиот настан во светот – Самитот на НАТО ако не беа храбрите и државнички одлуки коишто ги донесе СДСМ, за членство во НАТО. Овие одлуки беа блокирани, остро критикувани од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опструирани во процесот на носење. И тоа е нивното лицемерие, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска во емисијата Само Вистина на Канал 5 Телевизија.

Тренчевска: Освен враќање на оградата пред Влада и прифаќање на Северна Македонија од ВМРО-ДПМНЕ досега нема ништо друго

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија рече дека на почеток на мандатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се гледа промена на ставовите, дека едно зборуваа во опозиција а сега сосема друго и додаде дека освен враќање на оградата пред Владата и прифаќањето на името Северна Македонија нема ништо друго досега.

-Зборуваа дека ќе го поништат Преспанскиот договор, зборуваа дека името Република Македонија ќе се врати. Сега, од горда Македонија односно „никогаш Северна секогаш Македонија“ денеска имаме забетонирано име Република Северна Македонија. Овие месец дена од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ од враќање на оградата и бетонирање на името Северна Македонија немаме ништо друго, стари инвестии, катастрофална реорганизација, рече пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан