Тренчевска: Меѓународен монетарен фонд – важен партнер за економски раст и реформи
- Шефот на Мисијата на ММФ, Ник Гигинешвили, ги истакнал состојбите во стопанството на нашата земја, реформите во јавната администрација и пензискиот систем, а други прашања што биле разгледани се и изградбата на Коридорот 8 и 10, монетарната политика, капиталните инвестиции, енергетскиот сектор, и воопшто влијанието на кризата врз економијата.
Скопје, 30 март 2026 (МИА) - Во Собранието денеска се одржала средба на Комисијата за буџет и финансирање со претставниците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), шефот на Мисијата, Ник Гигинешвили, Јуан Хијао и Фатон Сулејмани.
Како што соопшти собраниската прес-служба, потпретседателката на Комисијата, Јованка Тренчевска, изразила задоволство поради можноста за реализирање на оваа средба.
-Таа истакна дека ММФ е важен партнер на Република Северна Македонија во справувањето со економската криза и спроведувањето на квалитетни економски и фискални политики и реформи за подобар економски раст, како и за подобрување на животот на граѓаните и условите за развој на стопанството, стои во соопштението.
Шефот на Мисијата на ММФ, Ник Гигинешвили, ги истакнал состојбите во стопанството на нашата земја, реформите во јавната администрација и пензискиот систем, а други прашања што биле разгледани се и изградбата на Коридорот 8 и 10, монетарната политика, капиталните инвестиции, енергетскиот сектор, и воопшто влијанието на кризата врз економијата.
-На крајот од средбата, беше изразена заедничка подготвеност за продолжување на конструктивниот дијалог и понатамошно продлабочување на соработката, со цел успешно справување со економските предизвици и обезбедување стабилен и одржлив економски развој на земјата, се додава во соопштението на собраниската прес-служба. нд/аа/
Фото: Собрание