• среда, 25 декември 2024

Тренчевска: Граѓаните да бидат спокојни пари ќе има и за исплата на пензии и за плати

Тренчевска: Граѓаните да бидат спокојни пари ќе има и за исплата на пензии и за плати

Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели граѓаните да бидат спокојни, бидејќи, како што нагласува пари ќе има и за исплата на пензии и за плати, посочувајќи притоа дека средства за исплата на пензии, плати и надоместоци за социјална и детска заштита се предвидени во Буџетот. 

-Пензионерите ги добија септемвриските пензии, зголемени за 6.8 отсто и согласно новата методологија, усогласување на пензиите ќе има два пати во годината, септември и март. Целта на ваквото решение е воспоставување на систем за постојан раст на пензиите. Во бројки пензионер со просечна пензија во август 16.376 денари, во  септември добил  17,490 денари, споредно со јуни 2017 година, тоа е околу 3500-4000 денари повеќе пари на сметката на секоја пензионер, рече Тренчевска во гостувањето на Телевизија 24, каде зборуваше на неколку теми кои се во надлежност на МТСП.

Новата методологија, додава таа, предвидува усогласување на пензиите и тоа, според движењето на индексот на трошоци за живот во висина од 50 отсто и порастот на просечно исплатена плата на сите вработени во државата во висина од 50 отсто, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Министерката информираше дека, со здруженијата на пензионери веќе е разговарано и за зголемување на минималната пензија, за што ќе се отвори социјален дијалог и ќе се креира најиздржаното  решение.

Тренчевска се осврна и на коментарот за новата методологија на усогласување на пензиите и линеарното зголемување на пензиите, при што посочи дека преку процентот за пораст на пензиите, согласно новата методлогија се потврдува дека системот е праведен. Затоа што правото за остварување на пензија е уставно загарантирано право и секој работник со исполнување на условите за пензионирање, односно со навршување на 64 години за маж и 62 години за жена, во формирањето на висината на пензијата се зема предвид вкупниот работен стаж и просекот на плата што ја земал во работниот век.

Министерката Тренчевска вели дека повисока плата значи и повисока позиција и поголеми одговорности, затоа праведно е процентуалното зголемување на пензиите.

-Линеарното зголемување од 600 денари што го правеше минатата власт е непочитување на законското решение и популистичка мерка. Преку усогласувањето на пензиите согласно новата методологија, пензиите имаат постојан раст и притоа, секое усогласување влегува во основицата на пензијата, нагласи Тренчевска.

Таа потсети дека, со јануарското усогласување на пензиите од 2.9 отсто и заедно со 6.8 отсто за месец септември, оваа година пензиите пораснале за 9.7 проценти. Како и дека 330.000 пензионери добија и финансиска поддршка од 3.000 денари за полесно справување со економска криза. сст/дма/

 

Остани поврзан